Градот Скопје за престојниот викенд најави ново прскање против комарци. Авионска дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши на 11 и на 12 август – в сабота и недела во раните утрински часови, додека терестична дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши од 12 до 16 август (од недела до четврток) во периодот од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден.
Комарците се главна тема на социјалните мрежи, но и ги полнат амбулантите со деца, кои се почувствителни на убоди од комарци. Кај некои од нив отоците се поизразени, инфицирани, па пијат и антибиотици.
За комарците се пошегува и Перо Антиќ, кој во ресторан нарачал два аутана на сметка на Шилегов.
Со камера на воздухопловот и снимка од прскањето, Град Скопје ќе докажува дека прскале против комарци во главниот град. Планирано е да се постави камера и целиот процес да биде снимен.