Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски важи за еден од најдобро информираните политичари во нашата држава, особено во надворешната политика. Тој настаните околу договорот за промена на името со Грција, ги предвидуваше неколку недели однапред.
Врз основа на скандалот со првиот човек на Биро за јавна безбедност, Лазо Велковски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, заклучува дека борбата во владеачката партија ќе се води преку Министерство за внатрешни работи.
„Директорот на БЈБ, Велковски, заслужи разрешување. Но, прашањето е кој го намести? Веројатно некој од внатре, негови или соработници на министерот кои можеле да знаат каде е неговиот телохранител, да го следат и уредно да го фотографираат. Борбата во @SDSMakedonija ќе се води преку МВР!“, напиша на својот профил на „Твитер“ профил Антонио Милошоски.