13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Производители на сливи и се пуштија на сопственичката на фирма која откупува

По повод реакциите на производителите на сливи од Радовишкиот регион изминативе денови, кои се жалат на тоа дека сливата не им се откупува, односно дека откупната цена е премногу ниска, со свој пост на социјалните мрежи излезе сопственичката на една откупна компанија од Берово, која се занимава со преработка и пласман на сливи.

Габриела Арсовска Милошевска напиша:

“Ако војската, полицијата, болниците, градинките, старечки домови набавуваат слива – сува, компоти, џемови, сокови од домашни компании нема да .можеме да постигнеме да преработиме само за нив… арно ама… ех да има некој компетентен да ме чуе

П.с Ова се однесува на сите други производи”

На ова се надоврзаа коментари кои се однесуваа на цената на сливите оваа година за разлика од лани.

-“Пак на наш грб откупи по 7 ден , продади по 300 од кило ајде извоз, донесете некоа девиза, овој народ сите се научиле да го дерат.”

Производителите кои коментираа на постот се прашуваат како може лани сливата да постигнала цена од 25 денари, а годинава не оди ни до десет. При тоа, тие имале реални трошоци како прскање (разбравме дека сливите се прскаат, само не кажаа колку пати), гориво, наемни работници, наводнување…

На ова Арсовска одговара дека, да, лани се постигнала висока цена, но тие како преработувачи едвај издржале.

Мачна дебата, уште помачни земјоделци, кои аргатат по нивите, а нивен противник може да бидат и неповолите временски услови, мразот, градот… Во секој случај, владата вчера најави дека ќе превземе мерки за стабилизација на откупот на сливи во Македонија.

поврзани објави

Последни објави