Во изјава за порталот Поглед, советникот од ВМРО НП Николчо Ситновски кој досега беше во коалиција со ВМРО ДПМНЕ на локално ниво, вели дека од денес па во иднина тој ќе дејствува како советник само на ВМРО Народна партија:
-Од денеска во Составот на Советот ќе функционирам како советник на матичната партија ВМРО НП.
Оваа одлука ја носам по сопствено убедување и сметам дека само со поддржување на политиките на ВМРО НП, како и нашите сограѓани можам да придонесам за одлуки кои ќе бидат од полза за граѓаните на град Делчево.