fbpx
11.8 C
Skopje

(ФОТО) Висат делови од мостот во Џенова – сликано пред само неколку недели се гледа оштетувањето, висат делови од мостот

АКТУЕЛНО

Пред две години професорот по градежништво на Универзитетот во Џенова, Антониот Бренцич оцени дека мостот е „градежен неуспех“ со „многу високи трошоци за одржување“.

Фотографијата од мостот во Џенова е направена само неколку недели пред трагедијата, а е доказа за лошата состојба на мостот Моранди. На фотографијата објавена на Твитер, јасно се гледаат делови кои висат од долната страна на мостот.

Семејствата на загинатите и властите за катастрофалната состојба за обвинуваат приватната компанија „Autostrade pre l’Italia“ која ги одржува поголем број од италијанските автопати. Од компанијата пак тврдат дека мостот Моранди, изграден во 60-тите години од минатиот век, бил под надзор цело време и дека баш во тек биле работи за зајакнување на неговите темели.

Пред две години професорот по градежништво на Универзитетот во Џенова, Антониот Бренцич оцени дека мостот е „градежен неуспех“ со „многу високи трошоци за одржување“.

Тогаш тој истакна дека трошоците за работите биле преценети, но и на погрешна проценка за бетонот кој предизвикал нехоризонтален патен план. Потсети на тоа дека оние кои во 80-тите години од минатиот век го минувале мостот чувствувале нелагодни качувања и спуштања поради одложените поместувања на структурата на делот од мостот, кои се доста различни од оние предвидените во фаза на проектирање.

Тој вели дека нарекување на оваа несреќа негрижа не би било увеличување на работите, а додатната истрага ќе покажела дека се работи токму за тоа.

Според последните информации бројот на загинати пораснал на 42 лица.

Експертите наведуваат дека покрај лошата конструкција, дополнителен проблем би можел да биде и фактот дека се работи за мост преку кој дневно минуваат десетици илјади возила, што доведува до дополнителна деградација на конструкцијата.

Истрагата е во тек, како и акцијата за спасување. Се стравува дека до утре сабајле бројот на мртви би можел да биде уште поголем од оној во моментов, досега официјално има 35 жртви, меѓу кои и едно бебе.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -