fbpx
1.8 C
Skopje

Петре Шилегов си купи викендица во Маврово од 55.000 евра

АКТУЕЛНО

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на почетокот од годинава купил викендица во Маврово во вредност од 55.000 евра. Објектот е со приземје и спрат, а вкупно со земјиштето е со површина од 250 метри квадратни.

За „Фокус“ тој вели дека информацијата е стара речиси шест месеци и дека е уредно пријавена во анкетниот лист.

-Откако станав градоначалник ја земав, нешто после Нова година. Куќата е недопраена, треба дополнително да се прави – вели Шилегов.

Според анкетниот лист Шилегов има вкупно четири стана во Скопје, од кои три се на неговата сопруга, а има уште една куќа во Скопје. Поседува уметнички слики од 3 милиони денари, благородни метали од 8 милиони денари, удели и акции.

Извор: ФОкус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -