Познатите едноставно го обожаваат грчкиот остров Миконос, па така меѓу нашите освен Каролина Гочева за која скоро секое лето стана омилена дестинација, така e и нејзината колешка Елена Ристеска.
Таа и годинава заедно со пријатели повторно е на атрактивниот остров, а правилото дека ако си дошол еднаш ќе дојдеш повторно, важи и за светски познатите ѕвезди.
Освен по прекрасните плажи и неодоливата природа, Миконос е познат и по спектакуларните забави, особено оние на плажа. Минатото лето Елена успеа се запознае со познатото братско модно дуо Дин и Ден Катен кои се сопственици и дизајнери на реномираниот бренд „Дискверд“.
И тие годинава се повторно на истото место, а пак Елена со мобилниот го снимаше еден од браќата како се забавува на плажата и го објави на својот Инстаграм профил и напиша:
-Браќата Дискверд повторно и оваа година. Тие прават забава насекаде, појасни Елена.