15.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

Елена Ристеска си ја отвори душата за смртта на Влатко Илиевски и испрати порака до фановите

Нашата македонска музичка ѕвезда, Елена Ристеска деновиве летува на Миконос, а за порталот Независен.мк прозборе за смртта на Тоше и Влатко Илиевски.

– Од колегите изгубивме прерано премногу од нив, со оглед на тоа што сме малобројни на сцената. Ама ова со Влатче беше ужасно шокантно. Последните негови контакти со нас создаваат дополнителна болка поради неговата загуба. Ова треба да нè научи сите да се цениме додека сме живи. Откако ќе се преселиме на друг свет, веќе е предоцна за сè.

Влатче беше обожавано дете, од сите, и затоа после многу несоодветни коментари, едно треба да знаеме, ние како колеги секогаш си помагаме, дуети, соработки, подарување песни итн., но најголемата помош за сите нас се очекува од публиката, да се слуша македонска музика, да се посетуваат концертите, да се купуваат албумите.

Што би повторила, а што никако не би направила во кариерата, имајќи го твоето искуство како ѕвезда на овие простори, но и во регионот?

– Да бидам искрена, иако сум премногу самокритична, не би променила ништо да можам да го вратам времето. Повторно би била иста и со истите правила во животот. Можеби приватните нешта поинаку би ги водела, не би дозволила неколку грешки во мојот живот, но веројатно подобро е што некои од нив се случиле. Сите тие нешта ме направиле она што сум денес, а денес сум дефинитивно појака од порано.

Еден мој текст вели: „Ех да можам да го вратам времето“, секако дека би го вратила за исклучиво со времето да вратам некои личности кои повеќе не се меѓу нас. Но, во однос на животот, пак да се родам повторно би сакала да бидам музичар и истиот живот да го живеам.

Ако сами не си го цениме своето, никој нема никогаш да нè цени, вели Елена за Независен.мк

поврзани објави

Последни објави