24.8 C
Skopje
Saturday, September 7, 2024

Николов искрено за малиот Јане: Тој е мојот најдобар пријател!

Приказната за малиот Јане Велковски од Македонија стана вистиснки хит откако тој се појави во рекламен спот на европската куќа на фудбалот (УЕФА) и истата пристигна и во Романија, благодарение на македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

Николов, кој е дел од еден од најдобрите унгарски клубови Видеотон, но има и минато во Романија поради конекцијата со Георге Хаџи и настапите во Витролул, во интервју за романски „ГСП“ зборуваше за Јане и за нивното пријателство.

romanija-jane-intervju.jpg

„Тој ги импресионира сите, затоа што е многу интелигентно дете. Знае се за фудбалот – играчи, клубови, а и не вели не, кога другарчињата му велат да играат фудбал. Баш како што вели во интервјуто за УЕФА – фудбалот е мојот живот. Игра фудбал во училиште, гледа фудбал на телевизија, игра фудбалски игри на компјутер“, вели Николов.

Големиот вљубеник во фудбалската игра боледува од ретка болест (спинална мускулна атрофија). Во декември, малиот Јане имаше шанса да го запознае и својот идол Пол Погба, кој го покани во Манчестер на меч од Лигата на шампионите, а потоа во мај беше и на финалето од Лига Европа, каде го пречека Луис Фиго.

„Тој е мој најдобар пријател. Плус, разликата меѓу нашиот роденден е еден ден!“, вели Николов, кој е роден на 28 јули, додека роденден на Јане е на 29 јули.

Македонскиот репрезентативец секогаш кога е во Скопје и кога има време оди на гости кај Јане. Заедно се дружат, зборуваат за фудбалот и се забавуваат. Двајцата се запознаа за време на меч на македонската фудбалска репрезентација и оттогаш се големи пријатели.

Извор: Гол.мк

поврзани објави

Последни објави