Започна најавениот протест на вработените во „Југохром“. Тие денес со почеток од 11 часот го блокираа автопатот Тетово-Скопје, кај наплатниот пункт во Желино и ќе трае со до 13 часот.
Според вработените протесот е поради неоправдано исклучување на печките во фабриките, а истиот е подржан од синдикалната организација „Југохром Алзар“. Државниот инспекторат за животна средина, ја продолжи забраната за работа на комбинатот за дополнителни 3 месеци.
Како што соопштуваат од Министерството за животна средина, оваа одлука е донесена по извршениот инспекциски надзор, при што е заклучено дека „Југохром“ не ги исполнува претдвидените активности, меѓу кои е и системот за отпрашување.
Комбинатот „Југохром“ беше затворен за работа на 1. ноември минатата година.