6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Самка Ибраимоски пријавен во полиција: Се заканувал на функционер на ВМРО НП кој сега најави и тужба против него

Претседателот на ВМРО НП Кавадарци Глигор Шемов утрово во 8:45 во полициската станица во Кавадарци го пријавил пратеникот и претседател на ПЦЕР Самка Ибраимоски за закани, навреда и ограничување на правото на слобода на изразување притоа користејќи пцовки кон него.

Како доказ, Шемов доставил испринтан лист од пораката која му пристигнала на социјалната мрежа Фејсбук.

Пред околу 22 часа на својот мобилен телефон Шемов примил порака на својот официјален ФБ профил чија содржина е следнава:

– Кокошкар ни еден пизда ти материна, кој си ти мене да ме критикуваш и со кое право, че те најдам Преварант ни еден

ФОТО

Шемов наведува дека ова не е прв пат Ибраимоски да се заканува на неистомисленици.

– Откако му се закани на мојот сопартијец од ВМРО НП од Кривогаштани и приврзаници на Љубчо Георгиевски, после тоа поради моите критики упатени кон него, истиот се решил и мене да ми упати закана.

Тој треба веднаш да си поднесе оставка! Јас лично ќе се погрижам инститционално да докажам дека овој човек не заслужува да биде пратеник во Собранието на Република Македонија! Срамота е да чекориме кон ЕУ и НАТО со луѓе како Ибраимоски кои при прво различно размислување, веднаш се закануваат, притоа користејќи ја својата положба како пратеник и претседател на политичка партија која е во коалиција со партии кои се дел од извршната власт“, вели Шемов.

Шемов најави тужба против Ибраимоски и го повикува истиот веднаш да си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -