fbpx
11.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Заев пред да седне на власт велеше дека откупувачите ќе се тепаат кој да купи – денес земјоделските производи скапуваат

АКТУЕЛНО

Во недостаток на знаење за реално придвижување на државата кон ЕУ и НАТО, СДСМ продолжува да ги преповторува истите излитени фрази. Власта се повеќе ја оддалечува Република Македонија од ЕУ и НАТО.

Криминалот и корупцијата станаа пракса на работењето на оваа влада, а така во ЕУ и НАТО не се оди. Целиот демократски свет и е згрозен од нивото на криминогеност на Зоран Заев и криминалната клика околу него, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сите светски медиуми пишуваат за Република Македонија како мека на криминал и корупција и тоа само заради криминогеното работење на СДСМ. Откако криминалот почна да цути, стопанството бележи пад, во секој еден сегмент. Земјоделието е една од најпогодените гранки.

По производителите на домат, бостан и пченица, илјадници производители на слива се чудат како ќе ја преживеат годината. 20.000 тони сливи скапуваат на нивите и тоа е директна вина на СДСМ, партијата чиј лидер ветуваше дека кога ќе дојде на власт ќе донесе откупувачи кои ќе се тепаат кој поскапо ќе го плати земјоделското производство, сега не само што не се тепаат, туку целиот род им скапува по нивите, стои во ракцијата и се додава:

– Земјоделците имаат реален проблем, а власта не го решава. Земјоделците никогаш не биле понижени и деградирани како што се сега. Со СДСМ на власт илјадници земјоделци се на раб на егзистенција, не знаејќи како ќе преживеат. СДСМ е вистинска временска непогода. СДСМ мора да си замине“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -