16.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

НЕ БИРАШЕ ЗБОРОВИ: Карлеуша повторно „без влакна на јазикот“ јавно ја навреди Цеца! (ВИДЕО)

Јелена Карлеуша мора да и исплати на Цеца 200 000 динари заради клевета.

Три години откако Цеца го почна судскиот спор, пресудено е во нејзина корист.

Парите Јелена и ги должи на Цеца за изречените клевети и навреди во отвореното писмо кое Карлеуша го објави на Фејсбук.

Дополнителни 70 000 динари Карлеуша треба да даде за судските трошоци.

Во споменатиот суд, судијата се обиде да ги помири раскараните страни, за да се избегне судење.

По доаѓањето, двете страни рекоа дека ќе дадат изјави по обидот за медијација, меѓутоа по излегувањето од суд Цеца кратко рече: „Нема изјави“, а на прашањето као е одговори „Одлично“.

Јелена судот го напушти 15 минути подоцна, поради разговор со адвокатите со кои се задржа внатре во судот, а по излегувањето беше видно расположена.

Прво прашање и за неа беше како се чувствува.

-Одлично! Како сте вие? Ви беше ли студено?, со насмевка ги праша новинарите видно опуштената Јелена.

На прашањето како помина помирувањето и дали дојде до него, Јелена потврди дека од помирувањето нема ништо.

-Бурно беше. Но, се што можам да кажам, бидејќи судот така наложи, е дека никакви детали да не се изнесуваат во јавност, но не дојде до успешно помираување, ајде ја кажам – не беше ни блиску, рече јелена.

На прашањето дали таа не сакала да се помири, повтори:

-Не беше ни блиску.

На новинарската констатација дека се слушал повисок тон во судницата и како Цеца изговара: „Срам да ти е“, „Молчи“, „Немој да ми зборуваш за чесност“, „Замолкни“, и друго, Јелена рече дека тоа не биле нејзини зборови.

-Што и да сте слушнале, не сте чуле од мојата уста. Јас сум некој кој културно се однесува, посебно пред судот. Го почитувам судот. Не користам таков уличарски речник во судница. Кој сте слушнале вие, јас не знам, јас не бев, расположено заврши Карлеуша.

Јелена Карлеуша е позната уште еднаш докажа дека е личност без влакна на јазикот, во последното интервју за ТВ-емисијата „Гламур“, во кое изјави дека својата колешка Цеца Ражнатовиќ за жал, ја гледа само на суд (поради големиот број тужби кои со години ги поднесуваат една против друга), не искрено би сакала никогаш да ја види во животот.

поврзани објави

Последни објави