Привлечниот изглед и необичната структура на оваа повеќегодишна билка е многу прилагодлива и издржлива, што е многу вредназа уредување на современите затворски простори во кои голем број на собни билки денес не можат да опстанат.
Среќниот бамбус денеска е стандарден дел од понудите релиси во сите цвеќари и чест избор на многу купувачи.
Секој од нас барем еднаш во животот ја добил оваа необична билка, дали во букет или самостојно, а по сознанијата дека на неа не и е потребна нега и многу внимание, сигурно на многумина им станала омилен дел од домашното зеленило.
Тоа што повеќето не го знаат, тоа дека оваа интересна билка воопшто не е бамбус. Тоа е всушност билка која се нарекува Драчена сандериана и со својот изглед навистина потсетува на бамбус што го објаснува името по што е позната оваа билка. Покрај тоа, значајна улога на пазарот игра и егзотичниот изглед и убавата декоративност, како и разноразна можност за аранжмани, дали самостојно или во комбинација со разн цвеќиња и други елементи.
Денеска постојат три основи на форма т.н среќен бамбус, рамен бамбус, извиткан бамбус и бамбус во слободен стил.
Се верува дека бамбусот е магнет за среќа и убави задоволства, па поради ова вреди да го имаме дома.
Важно е и колку стебла имате дома. Две носат љубов, три среќа, пет здравје, осум богатство и девет среќа на сите полиња.