29.8 C
Skopje
Saturday, September 7, 2024

Закани со Илирида од Македонка во Грција ако нема Северна Македонија

Една од најпознатите македонски активистки во Грција Евгенија Нацулиду кија што лобира за уапешен референдум и промена на името во Северна Македонија предизвика гнев на социјалните мрежи откако индиректно се закани со Илирида ако пропадне договорот а најави и визи за посета на Солун за Македонците.

“Како ја презентирате состојбата, ние Македонци во грција мора да имаме и ние држава да бидеме Македонци!!! Јас ти кажам не ни треба никоја држава да бидеме сто сме- Македонци! Вие имате држава и можете да правите што сакате со ова. Јас мислам договорот со Грција е добро за вас и за нас но ако вие не го сакате само ние Македонци од грција не можеме да правиме ништо за тоа. Само Грците може да не го прифати, исто така како вас”, напиша Нацулиду.

Откако и беше порачано дека како дете на дискриминирани Македонци во Грција никогаш не ги добила своите права и дека не смее да се откажува од Македонија таа неочекувано проговори за опасноста од поделба на Македонија ако не се промени името.

“Добро. Но кога Македонија ќе биде Илирида, паметите го името Северна Македонија, напиша Нацулиду која своето тврдење го поткрепува со видео за Република Илирида што ќе се случи ако не биде прифатен договорот со Атина.

Извор: Експрес

поврзани објави

Последни објави