14.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Еден знак ќе биде многу тажен викендов, друг ќе добие финансиска добивка – Викенд хороскоп

Овен

Викендов едноставно може да бидете на услуга на сите, и да трчате од еден на друг некому да му помогнете, некого да го услужите, некого да го лечите. Значи еден куп активности и поради времето доста проблеми околу вас со здравјето на домашните.

Бик

Поради што се нервирате кога немате никакви причини? Иако некои работи не се движат во посакуваната насока, бидете мирни и почекајте поволен момент. Се ќе се среди кога најмалку очекувате.

Близнаци

Ви се случуваат убави работи. Голем број претставници на овој знак се до таа мера полетни што е навистина изненадувачки. Како и да е, викендов ќе ви биде исполнет со пријатни моменти.

Рак

Викендов ќе се обидете да се одморите, но нема да можете да го скриете расположението. Згора на тоа, еден помлад член од семејството постојано ќе ви задава грижи. Ако сте слободни и се уште ја чекате вистинската љубов, ќе морате да почекате и да се задоволите со кратки авантури.

Лав

Иако сакате да оставите убав впечаток, тоа тешко ви поаѓа од рака. Не барајте ја вината во себе, бидејќи се однесувате сосема коректно. Не дозволувајте емотивно да се измачувате.

Девица

Се чувствувате убаво, но сакате таа состојба да ја поделите и со другите. Со партнерот ќе делите нежни моменти, но ќе имате време и за најблиските пријатели. Многу дружење, радост, веселба.

Вага

Ќе постигнете одлични резултати, но пред да тргнете во акција, процените ги сопствените можности. Дали навистина сте подготвени да вложите толку голем напор? Партнерот е тука да ви помогне.

Скорпија

Работите не се движат во посакуваната насока. Барем на момент заборавате на неуспесите и на сите непријатни моменти. Саканата личност ќе биде многу нежна спрема вас. Оставете атмосферата да се вжешти.

Стрелец

Ќе бидете потиштени. Но, не грижете се, ситуацијата ќе се подобри. Доколку побарате помош од вистинските пријатели, би можеле многу полесно да ги решите проблемите. Обратете поголемо внимание на сопственото здравје.

Јарец

Пријатните случувања влијаат да се ослободите од напнатоста и проблемите. Доаѓате до сознание дека сте се нервирале за глупости и сега сакате да се промените. Оваа состојба нема долго да ве држи, па уживајте во неа.

Водолија

Викендов може да бидете ангажирани околу еден постар член од семејството. Неговото нарушено здравје ќе ви ги одземе моментите на одмор, но нема да можете да се дистанцирате. Ако сте слободни, повеќе мечтаете отколку што преземате конкретни чекори.

Риби

Ќе уживате во нечие внимание. Ќе ги заборавите актуелните проблеми. Бидете подготвени за поволна промена на околностите, но и на тоа дека тие услови бараат дополнително жртвување. На емотивен план, ништо ново.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -