24.8 C
Skopje
Saturday, September 7, 2024

Ирена Цветковиќ до владата: Среќа што ве познавам, инаку ќе помислев дека ВМРО ве плаќа

Статус на Ирена Цветковиќ:

“Живеам во држава која се наоѓа буквално пред еден од своите најважни приемни испити- решавањето на деценискиот спор со Грција (еден од поглупите спорови if you ask me).

Владата има еден месец да спроведе кампања и убеди мнозинство од граѓаните да излезат и гласаат ЗА на референдумот кој ќе следи. Луѓе, ако ова не е најважно не знам што е.

Побогу, кој ви к…ц сега да се расправате со народот кој е револтиран заради 750.000 евра за цвеќиња.

Стварно? Седите и се расправате по ФБ дека тоа било за три години, за сите владини институции бла бла. Се лутите зошто народот читал само наслови, а не цели новинарски текстови.

Епа народот не може да го смените, освен ако ептен не вложите во образование па чекате да пркнат новите генерации во кои сте инвестирале. Да, не само македонецот, сите ЧИТААТ САМО НАСЛОВИ! Како може да сте изненадени и увреѓени од тоа?!

Озбилно? Кај живеевте бе до сега? Не го знаевте овој факт што веќе у средно школо се учи?

Најмалку што може да направте е да кажете- пеки, нема да трошиме на цвеќиња, фала ви што ни укажавте- и да се вратите на она што е најважно- референдумот и решавање на спорот. АМАН!

Да не ве знаев ќе помислев дека ВМРО ве плаќа. Жими се‘ ми иде вам да ви го поставам вашето омилено прашање: ВИЕ ВМРО ДА НЕ САКАТЕ ДА ГО ВРАТИТЕ БЕ?”

поврзани објави

Последни објави