fbpx
11.8 C
Skopje

Имаат ли активистите од “Го сакам Водно” гукнато макар еден збор за Сончев град? (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Веќе неколку месеци наназад, скоро секојдневно на социјалните мрежи се сретнуваат наслови и текстови поврзани со планината Водно, односно гасоводот кој се гради, а поминува по падините од планината.

Денес наидов на фотографии со траорен наслов дека сртот на Водно бил неповратено уништен и видов што? Пробиен пат во широчина од неколку метри. И толку.

Јас однапред ќе им се извинам на активистите од разноразните здруженија за заштита на планините, но навистина не сум прочитал ниту еден збор за уништената падина на Водно од страната на Сопиште, таканаречениот “Сончев град”, кој минатата власт го започна како голем проект, го даде земјиштето на турски инвеститор, кој за сиве овие години направи едно големо НИШТО.

Не, се извинувам, не е ништо. Уништени се хектари од најубавиот и најсончевиот дел од планината Водно. Уништени се извори, борова шума, отсечен е цел еден планински срт. Патот кој се изгради од Сопиште до “Панорама” уништи стотици или илјадници растенија (патем истиот и ден денешен е нефункционален). Сето тоа го направи, чинам државата, како подготовка да се гради некаква елитна населба. Од другава страна барем ќе се гради гасовод.

Единствената глетка која може да се види од “местото на настанот”, наместо елитната населба која со години е во најава, се камења сортирани на купови, кои незнам, можеби некој треба да ги продаде и да заработи од нив, така барем изгледа тоа од дистанца, бидејќи граѓаните немаат пристап на местата кои целиот свој живот ги посетувале.

Здруженија, уште еден повик до вас. Да ги заштитиме падините од “белите дробови” на градот Скопје насекаде, не само на едно место, бидејки, простете, но може да заличи и како “реакција на батерии”.

Текст и Фото: Петар П.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -