11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Бруно пристигна во Македонија, во Скопје грми – во оваа држава падна снег (ВИДЕО)

Во овие попладневни часови во северната половина како и северозападно од Скопско веќе имаме нестабилност проследена со локална пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најголема нестабилност имаме во северозападните предели од државава.

Понатаму поради судирот на две воздушни маси и тоа топлата од југ и значително посвежата која се спушта од север ќе услови значително дестабилизирање до крајот на денов и претстојната ноќ како и утре (понеделник).

Во најголем дел од државава ќе има поријни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер претежно од северозападен и северен правец.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

За кратко време локално се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 20 л/м2) со што понатаму можни се и локални поплавувања.

Температурите на воздухот претстојната ноќ ќе бидат во значително опаѓање и истите ќе опаднат дури и за околу па и за повеќе од 10тина степени и тоа најмногу ќе се почувствува во северната половина од државава.

Утре (понеделник) врнежите ќе продолжат а максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот само од 22 до 30 степени додека во северната половина истите ќе се искачуваат некаде во интервалот од 18 до 25 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, додека електричните уреди во домовите додека траат електричните празнења да се исклучуваат од штекер, а автомобилите да се ставаат понастрана од дрвја во случај на појава на силен ветер.

Како што најави Попоски во Италија падна и првиот снег.

https://www.youtube.com/watch?v=SqbtWmziw2s

И во Хрватска има нагли промени во температурите. Во поголем дел од земјата има обилни врнежи од дожд. Во текот на ноќта Хрватска ја зафати силно невреме, а најлошо беше во Истра. Во раните утрински часови силно невреме го погоди јужниот дел на Јадранот.

На подрачјето на Дубровник за помалку од два часа наврнале над 40 литри дожд, што доведе до поплави во градот. Проблеми имаше и во воздушниот сообраќај. Три авионски линии од Рим, Атина и Истанбул беа пренасочени на други аеродроми.

Извор: Метеомакс

поврзани објави

Последни објави