29.8 C
Skopje
Saturday, September 7, 2024

Циклонот Бруно ќе ја покаже силата: Вонредна временска, можни поплави

Во следните 12 часа нашата територија ќе биде најинтензивно зафатена од моќниот Бруно па така во најголем дел од државава врнежите ќе се интензивираат и ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, стои во анализата на Славчо Поповски.

Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме проследено со интензивни поројни врнежи од дожд, значително количество на воден талог за кратко време (над 20 до 30 л/м2), силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Поради интензивните врнежи можни се локални поплавувања до крајот на денешниот понеделнички ден.

Поради продор на значително посвеж воздух од север ветер се повеќе ќе го менува правецот во северен и ќе засилува по интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека на северозапад и на север ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 18 до 25 степени.

поврзани објави

Последни објави