fbpx
9.8 C
Skopje

Владо Камбовски: Повикувањето на Бојкот е кривично дело

АКТУЕЛНО

Никој не смее да ги организира граѓаните да не се спроведе референдумот на 30 септември, зашто тоа ќе се смета за кривично дело организирање на отпор за извршување на донесена законска одлука, вели академик Владо Камбовски. Тој вели дека одлуката за референдумското изјаснување за членство во НАТО и ЕУ со признавање на Договорот со Грција ја донесе Собранието, таа е законита, што значи мора да се спроведе.

Според академик Камбовски, секој може јавно да го каже своето мислење дали е „за“ или „против“ поставеното референдумско прашање или е за бојкот на референдумот, но никако не смее да ги организира граѓаните да не излезат да гласаат. Секој граѓанин, политичар, движење, партија, носител на јавна функција, секој индивидуалец во овој процес треба да биде внимателен, препорачува Камбовски.

„Никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат. Политичките партии треба да се тргнат од таа работа. Не е ни етички ни морално да агитирате, да делите материјали, да одржувате собири или протести со цел да ги убедувате граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето „за“ или „против“ референдумското прашање.

Референдумското прашање е изгласано и референдумот е закажан со одлука на Собранието. Таа одлука е законита. Тоа е како судот да донел одлука (пресуда), а некој да ги организира граѓаните таа законска одлука да не се спроведе“, споредува Камбовски.

Целиот текст прочитајте го на Букефал

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -