Премиерот Зоран Заев попладнево сведочеше за настаните од Собранието на 27. април.
Мене и верата и родителите ме учеле да простувам и сакам да простувам затоа што Македонија има потреба од помирување и од подавање на рака.
Ова го изјави премиерот Заев откако денеска сведочеше за настаните во Собрание.
– „Не им е лесно на овие луѓе внатре кои што се обвинети, не би сакал јас дополнително да додавам нешто“, рече Заев.
Заев рече дека трпеле физички удари и вербални закани.
– „Тоа траеше безмалку 2 часа. Се закануваа со зборовите: ‘Убиј го Заев! Убиј ги пратениците! Фатете го како можете! Го убивме Села, Заев ти си следниот…’“, рече Заев додавајќи дека имал 6 расекотини.
– „Неполни 2 часа лично јас секоја секунда чекав да го изгубам животот“, рече Заев.
Вели некои од напаѓачите кои имале оружје на каишите, правеле гајтани од кабли за да ги фатат и повлечат.