30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Скопјани внимавајте – лажен полицаец демнее на улиците во главниот град на државата

Полицијата го уапсила скопјанецот Г.С.(25) кој го нападнал и му вперил пиштол на Д.П.(23) од Скопје, откако претходно заедно со уште две лица го следеле со автомобил, вчера вечерта, во скопската населба Аеродром.

Според пријавата, додека Д.П. заедно со неговата другарка со автомобил „фиат пунто“ се движеле по булеварот Кузман Јосифовски Питу во населба Аеродром, забележал дека биле следени од автомобил „киа“ во кој имало три лица.

Во близина на ТЦ „Бисер“, „киата“ им го попречила патот и од возилотот излегол еден од лицата кој им се претставил дека е полицаец, по што му ги зел документите и телефонот на Д.П.

По ова, Д.П. заминал кон паркот во Ново Лисиче, каде требало да се види со пријатели. Но кога стасал таму дошле и тројцата со возилото „киа“ и од неговите другари побарале документи. Потоа еден од нив го нападнал Д.П. и му се заканувал со пиштол.

По инцидентот Д.П. за случајот ја известил полицијата, по што Г.С. (25) бил пронајден и приведен во станица. По целосното расчистување на случајот, полицијата ќе поднесе пријави.

поврзани објави

Последни објави