7.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Од ТВ Алфа порачаа: Пу-пу, не се важи – им се извинија на Заев и Анѓушев за лажната вест

Со објавување на реакција испратена од Владата, во име на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, телевизија Алфа се извини за пласирањето на лажната вест.

„ТВ Алфа им се извинува на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев за пласираните лажни информации во прилогот насловен „Заев: Вината на Анѓушев не е докажана“. Изјавата на премиерот Заев е неточно и погрешно пренесена со што е објавена лажна вест со која се нанесува штета на угледот на премиерот Зоран Заев и на заменик претседателот на Владата, Кочо Анѓушев“, се наведува во објавениот демант.

Со ова владата јасно и категорично укажа дека изјавата на премиерот Зоран Заев е погрешно пренесена и протолкувана во сосема неточен контекст, што продуцира со дезинформирање на јавноста. Според Владата,, тоа било направено со свесна намера да се наруши угледот на Владата на Република Македонија, на премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -