30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Отидоа во Чернобил и ги снимија бабите кои одлучиле да не го напуштат (ВИДЕО)

Околу 350.000 луѓе беа евакуирани од Чернобил после нуклеарната експлозија во 1986 година. На радијација биле изложени 8,4 милиони луѓе.

Меѓутоа, ги имало и оние кои решиле да останат без оглед на тоа што водата, воздухот и храната биле контаминирани, како што се овие баба. Таа решила да остане таму и да ги убеди сите дека може да се живее без оглед на големата радијација, која е во градот присутна, а 400 пати поголема отколку во Хирошима по нукреарната катастрофа.

Луѓето затоа се сетиле и решиле да снимат филм за животот на оваа бабушка во Чернобил. Режисерите Холи Морис и Ана Богарт го истражиле тоа подрачје и дошле до податоци дека таму живела осум до 12 баби, во зависност од селото.

-Мене не ме плаши радијацијата. Ме плаши гладувањето, кажала оваа бабушка. „Доколку си одиш од овде ќе умре. Тие се во полоша положба отколку ние кои живееме овде. Татковината е татковина, никогаш нема да ја напушта, ниту со пушка ако ме бркаат“.

Еден од реакторите на електранта „Владимир Илич Ленин“- како што официјално се викала чернобилската нуклеарна електрана, експлодираше на 26 април 1986 година, во 1:24 часот после полноќ по локално време. На лице место настрадаа 31 лице.

поврзани објави

Последни објави