13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Ќе има ли крај на оваа појава: кучиња скитници касаат среде главниот плоштад

Кучињата скитници се неизбежни во цело Скопје. Но пострашно е тоа дека скоро и да нема ден тие да не нападнат и искасаат некој човек, пишува Скопско ехо.

Најнов напад се случи завчера кога на централниот плоштад во Скопје бил искасан П.Н. (37) од неколку кучиња скитници. Најмногу настрадала неговата лева потколеница.

Слични напади имаше и минатата недела во други делови од градот што укажува дека овој тежок проблем се уште не се решава од страна на градските власти. Градскиот стационар „Вардариште“ и натаму не се прави, цела година по изборното ветување на скопскиот градоначалник дека ќе се реконструира.

Проблемот, според градските власти, било тоа што е довоградба па требало првин да се легализира во соработка со општина Гази Баба. Според последните најави, реконструкција на овој стационар е пролонгирана за догодина.

– Ќе има ли ова крај, бара ли некој одговорен навистина решение за проблемов, прашуваат скопјани.

поврзани објави

Последни објави