20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на распит во СЈО – токму воочи денешната седница за уставни промени

Пратеникот Антонијо Милошоски пристигна на распит во СЈО за предметот „Моќник“, каде вчера исказ даде и поранешниот претседател на лустрациска Томе Аџиев. Тој е осомничен од страна на Специјалното обвинителство за нарачана лустрација на кичевскиот судија Драган Билевски.

Аџиев делото го сторил под влијание на пратеникот Милошоски кој сакал да му се одмазди на Билевски, стои во истрагата на СЈО отворена во март годинава.

Истрагата за „Моќник“ опфаќа 13 осомничени меѓу кои и пратеникот Милошоски, неговиот татко и екс градоначалникот на Македонски брод. Според обвинителството со измама во 2011 година успеале да ја продадат зградата на општина Пласница, купувач бил таткото на Милошоски а со помош на градоначалникот на Македонски брод.

Кога градоначалникот на Пласница реагирал го предизвикал револтот кај пратеникот, кој сакал да се реваншира и на судијата Билевски за кој сметал дека му помага. За што постои и објавен телефонски разговор.

поврзани објави

Последни објави