6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Кавадарчани ќе го сакаат или ќе му се налутат: Јанчев целосно ќе го промени сообраќајот во Кавадарци

Во Кавадарци ќе се става ред во паркирањето, а за еден месец треба да стигне и пајак возило, најавува кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Се работи на формирање јавно претпријатие за паркирање во општината и изградба на две катни гаражи. Од објективни причини досега не беа извршени измени во генералниот и деталниот урбанистички план и не беа изградени гаражите. Тие ќе почнат да се градат во наредната година. Општината го обележа целокупното градско подрачје за паркирање, ќе се обележи прва, втора и трета зона, појаснува Јанчев за МИА.

Градоначалникот нагласи дека засега, до крајот на годината, паркирањето нема да се наплаќа.

– Ќе биде тоа пробен период од три месеци. Ќе се отстрануваат само најнепрописно паркираните возила. Оние паркирани на пешачки премини, во тревници и слично. Пајак службата и јавното претпријатие ќе почнат да функционираат најверојатно од кај средина на ноември. Од февруари – март, се очекува и целосно решавање на проблемот со паркирањето, вели Јанчев.

поврзани објави

Последни објави