Жена од Скопје, мајка на дете со посебни потреби, која работела во општината Бутел, во утринска емисија го обвини градоначалникот дека ѝ се заканил и ја уценувал да излезе на референдумот да излезе да гласа. Бидејќи не излегла на референдум, била избркана од работа. жената работела во општината за 6000 денари.
-Преку секретрката негова постојано ни се јавуваа дома да гласаме. Јас не бев дома, кога се јавиле. После се проверени списоците и кога виделе дека не сум излегла на гласање, ме избркаа од работа, вели жената, која е со високо образование, но поради потребите на детето, работела со скратено работно време.
Таа објаснува дека два дена по референдумот, без најава и предупредување била избркана. Исто така, таа објаснува дека биле вработени во општината на договор на дело, кој им бил продолжуван на 3 месеци, а последен пат бил продолжен точно до 30 септепври.
Таа открива дека нејзиниот сопруг, пак, добивал смс со истата содржина, а ситуацијата се вжештувала како што наближувал референдумот и било јасно дека излезноста е мала.
Извор: 365вести