Ракометарките на македонскиот женски ракометен првак Вардар со победата во второто коло од главната фаза од Лигата на шампионите, над Мец со резултат од 23-21 поставија нов клупски рекорд.
„Црвено-црните“ девојки стигна до нов клупски рекорд од седум победи по ред во ЛШ, и ја израмнија серијата од девет меча без пораз, што ја имаа во сезоната 2013/2014. Притоа Вардар е единствениот тим без пораз сезонава во најелитното женско ракометно натпреварување во Европа.
Што се однесува до мечот, составот од Франција му зададе доста проблеми на нашиот тим, пред се во воведот и финишот од мечот, но на крај среќата беше на страна на Вардар, кој се израдува на втората победа, прва на домашен терен, по радоста на гостински терен во Подгорица против Будуќност, минатиот викенд.
Во следното коло од главната фаза на ЛШ, Вардар гостува во Германија, кај Турингер на 12 февруари.