12.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Колев: Не знам зошто толку обраќаме внимание на експерименти од типот на изјавите на Илија Димовски

Како претседател на партија често ги анализирам ставовите на другите чинители на ВМРО-ДПМНЕ, сум се интересирал за таа десна идеологија дури не сум бил политички активен.

Мислам дека првиот политички субјект кој зазборува за тоа дека Македонија треба да биде дел од НАТО и ЕУ е ВМРО-ДПМНЕ, дали денешната политичка гарнитура која што е во Белата Палата е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е друго прашање, тука можеби има разминување од гледна точка на идеологијата и начинот на кој е поставена таа партија.

Но, тоа си е нивни проблем. Сметам дека сите ние а и вие новинарите премногу обрнуваме внимание на вакви изјави од типот кои што вие ги цитирате, кога секој еден нормален човек од Македонија и светот знае дека немаме друга алтернатива, јас не знам зошто сега треба да ги коментираме експериментите од сорта како што се изјавите на Илија Димовски. И тој длабоко знае дека иднината на оваа земја е како полноправна членка на НАТО и ЕУ, вели претседателот на ГДУ Петар Колев во своето гостување на 24 анализа на ТВ 24.

Претседателот на ГДУ Петар Колев рече дека ВМРО-ДПМНЕ одработува за спасување на неколку политички глави.

Ние сега тука цела држава се малтретираме поради тој неконструктивен став на ВМРО-ДПМНЕ, почнувајќи преку референдумот. Тие зборуваа дека не се за бојкот, но по начинот на кој што тие се поставија станува јасно дека работеле за бојкот на референдумот. А тоа не е од интерес на Република Македонија, додава тој.

поврзани објави

Последни објави