20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Георгиевски во својата нова книга „Мојата македонска приказна – каде одиш, Македонијо“ зборува за почетоците и периодот кога се основа ВМРО-ДПМНЕ

Основачот и прв лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски во својата нова книга „Мојата македонска приказна – каде одиш Македонијо“ пишува за периодот кога е формирана партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзините, неговите почетоци, за тоа како во тие години се одвивале сите тие процеси до конечна реализација, осамостојување на Република Македонија, држава со своја валута, репрезентација, армија, култура и традиција.

По излегувањето на Драган Богдановски од затвор, тој продолжува и останува да биде соработник на истата таа УДБА која му го упропасти личниот и семејниот живот, УДБА го ползува како маша, најнапред преку средбите во станот во Скопје, каде што и самиот бев на средба со него. Во тој фамозен стан на УДБА, Богдановски ги кани експонираните македонски патриоти, божем да разговара со нив за самостојната иднина на Македонија, за истото подоцна да биде искористено небаре било „иницијатива за основање на ВМРО-ДПМНЕ“, што лесно може да се потврди според неговото подоцнежно однесување.

Во врска со тоа, не смееме да заборавиме уште еден друг, мошне значаен настан којшто актуелното водство на ВМРО-ДПМНЕ како и некои други луѓе одбегнуваат да го споменат. Имено, неколку месеци пред својата смрт, Драган Богдановски напиша писмо коешто беше објавено, каде што се извинува за се што ми има направено мене и на ВМРО-ДПМНЕ, оддавајќи ни признание како единствени иницијатори и основачи на партијата, пишува Георгиевски во книгата и притоа додава:

Ако треба да дефинирам кој го формирал ВМРО-ДПМНЕ, слободно можам да речам дека таа улога ја имаат сите оние кои што учествуваа на првото собрание, сите оние коишто се зачленија во првата година, па и во третата година во партијата. Но ако треба да ги издвојам главните носители, бројот се стеснува на двајца: јас и Борис Змејковски. Наспорти тоа, должен сум да му ја признаам улогата на Драган Богдановски за иницијацијата и за набљудувањето на целиот процес, но и да подвлечам оти има многу мали заслуги за подемот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа, секако, може многу лесно да се провери. Организацијата не е формирана во еден ден, како што ни Рим не е изграден за еден ден. Таа почнува незапирливо да расте, секојдневно зголемувајќи го бројот на нејзините членови и поддржувачи.

Љубчо Георгиевски

ВМРО-ДПМНЕ стануваше вистинска партија. Израснуваше во најсилна партија на македонското национално ткиво со заложба за самостојна и независна држава Македонија, вели Георгиевски.

Тој во книгата открива кои луѓе во 2003 година биле против изборот на Груевски за претседател и вели дека тој лично му предложил на Груевски да биде негов наследник, притоа опишувајќи го како човек кој во тоа време апсолутно не се интересирал за историја, туку само и единствено за економија.

поврзани објави

Последни објави