Дали успешно ќе заврши финализацијата на двотретинското мнозинство во парламентот? Иако најавена за 15 часот, седница на собранието се уште нема, јавува 24 ТВ.
Според претставници на власта, блиску е моментот кога ќе се гласа, а извори од опозицијата велат дека нема двотретинско мнозинство.
Нашите информации пак велат дека работата се уште не е до крај завршена, но дека очекувањата се оти во наредните часови ќе се знае дали дефинитивно постои двотретинско мнозинство за уставни промени.
За да мине предлогот за пристапување кон измена на уставот потребен е глас од 80 пратеници. Коалицијата што ја предводи СДСМ има 72, што значи дека најмалку 8 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ треба да гласаат.
Извор: 24 ТВ