35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

ФОТО: Во Собранието пристигна и Никола Груевски, сите се прашуваат – кој ќе биде неговиот став?

Екс премиерот и актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се врати во Собранието каде во секој момент се очекува да започне седницата на која едиствена точка на дневен ред се уставните измени кои Владата како предлог ги достави до Собранието, објави телевизија ТВ21.

Седницата беше презакажана за во 15 часот, но еден час подоцна таа никако да почне.

Според претставници на власта, блиску е моментот кога ќе се гласа, а извори од опозицијата велат дека нема двотретинско мнозинство.

Нашите информации пак велат дека работата се уште не е до крај завршена, но дека очекувањата се оти во наредните часови ќе се знае дали дефинитивно постои двотретинско мнозинство за уставни промени.

поврзани објави

Последни објави