ДЕВИЦА
Пред вас е деловен месец. Мноштвото информации, разговори и средби ќе ги менуваат вашите планови. Убаво би било да се препуштите на текот на животот, затоа што планското делување ќе биде оневозможено. Ќе бидете условени од многу надворешни фактори.
Во вашиот љубовен светоглед ќе бидат вткаени нијанси на идеализам. Многу ќе размислувате и фантазирате, а причината за тоа би можело да биде некоја тајна платонска љубов. Интензитетот на емоциите ќе ви ја одзема способноста за рационално пристапување кон стварноста на животот. Понекогаш ќе го гледате она што го сакате, а не она што навистина се случува, па вашата лична среќа ќе зависи од тоа колку сте искрени кон себеси. Ако се најдете во врска со зафатена личност, веројатно ќе уживате, затоа што во текот на вашите средби ќе има многу страсти и занес. Некои поединци ќе бидат вљубени ама ќе ги прикриваат своите емоции, па другата страна нема да биде упатена во вашите емоции. Всушност, никој нема да знае што чувствувате до самиот крај на месецот, кога ќе забележите дека некои работи бегаат од контрола и дека се наоѓате во ситуација кога треба да тргнете во акција, без да размислувате за последиците.
Во ноември ќе бидете витални и полни со енергија, а подобрување ќе почувствуваат и оние кои имаат хронични болести. Ќе се занимавате со спорт и некој вид на телесни активности и ќе внимавате на својата линија и изглед. Она што е најважно, тоа е дека во вашиот живот ќе има повеќе оптимизам, па ќе можете да се препуштите на леснотијата на живеењето и уживањето во малите работи.
СКОРПИЈА
Во месецот на владеењето на вашиот знак се наоѓате во одлична положба да задвижите некои планови, а во исто време ќе се појават и некои нови желби и цели, кои ќе имате доволно сила да ги остварите.
На листата на вашите приоритети, во преден план избива вашето тежнеење за самоостварување, зајакнување на личните ресурси, зацврстување на стекнатите позиции и освојување нови. Ова се однесува на љубовта, пријателството и работата. Силниот порив за развој на сите ваши потенцијали, понекогаш ќе добие форма на нагласена сконцентрираност на себе. Ќе ви биде важно да бидете допадливи и да оставите добар впечаток, без да размислувате на кој начин тоа ќе го постигнете. Во одредени моменти ќе се однесувате како „целта да ги оправдува средствата“. Ќе бидете подготвени во името на некои, во дадениот момент за вас важни прашања и ситуации, љубовниот живот да го оставите настрана. Нема да се двоумите да ја откажете договорената средба со личноста која сте ја запознале и која ве привлекла, како и онаа во која сте вљубени. Ваквото однесување ќе остави впечаток дека не се грижите за чувствата на другата страна и дека повеќе си угодувате себеси отколку на другите.
Потребите на вашето тело ќе бидат нагласени, без оглед на тоа дали се работи за храна, секс или физичка активност. Во текот на втората половина од месецот ќе имате потреба за малку одмор, па ќе ви годат прошетките во природа, или патувањето во некој соседен град.