6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Еден од пратениците заврши на Кардиологија – не можел да го издржи притисокот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, поради притосокот, завршил на Клиниката за кардиологија во Скопје, пренесе „Магазин.мк“.

Поради притисоците за уставните измени, пратеникот не можел да издржи, па му се слошило.

Како што пишува „Магазин“ последната понуда на Зоран Заев, за Мукоски била да бира слобода или над 10 години затвор.

Пратеникот останал на својот став и појаснил дека нема сила која може да го натера да ги гласа уставните измени, по што му се влошила здравствената состојба па моментално се наоѓа на Клиниката за кардиологија, од каде нема информации што е со Мукоски.

Мукоски беше ослободен од притвор, откако беше осомничен за настаните од 27 април, односно се терети за злосторничко терористичко здружување.

Извор: Магазин.мк

поврзани објави

Последни објави