18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

ТВ21 ги праша пратениците на ВМРО ДПМНЕ за нудењето пари, ниту еден не ги потврди исказите на Јанушев (ВИДЕО)

Телевизија 21 се наоѓа во Собранието на Република Македонија, и се обиде да разговара со речиси сите пратеници од опозициската ВМРО ДПМНЕ за да ги потврди обвинувањата на генералниот секретар Игор Јанушев за понудени пари од страна на луѓе од Власта, како би гласале за уставни измени.

Ниту еден од пратениците не ги потврди исказите на генералниот секретар на партијата, кој што на прес – конференција пред неколку часа кажа дека на еден пратеник му биле понудени еден милион евра, а на друг два милиони евра, на трет 250.000 евра, и дека тие одбиле.

Погледнете низ видео што одговорија пратениците на ВМРО ДПМНЕ на прашањето дали им биле понудени пари да гласаат за уставните измени.

поврзани објави

Последни објави