18.8 C
Skopje
Saturday, July 13, 2024

Фолкерката Сани до колешките: Во ред е што ги покажуватае градите, ама малку и да запеевте (ФОТО)

Една од најзгодните фолкерки на ммакедонската естрада, Сања Сани Гроздановска, покрај својот глас и стас, меѓуостанатото е позната и по својот провокативен начин на облекување. Природата богато ја наградила со бујни атрибути, па раскошната фолкерка има што да покаже и истакне.


Нејзините обожаватели меѓудругото  „се нејзини“ и поради физичкиот изглед на фолкертаката која своите телесни атрибути вешто ги комбинира совокалните способности, па засега има успешна формула за успех во начинот на кој ја прави забавата на своите настапи и „тезги“.

Арно ама, пејат и други… Или барем се обидуваат. Патем и тие имаат што да покажат… Дури и повеќе од што треба. А денес, какво време дошло, музиката се повеќе „се гледа“ отколку што се слуша. Па, после некоја фрлена чашка алкохочл, ако му се погоди изгледот на пејачката, за нејзиниот вокал, кому му е гајле?

Е токму против таквите колешки од редот на „нелојалната конкуренција“, Сани реши да крене глас! Па ги подбра на Фејсбук со сликовит статус:


„Во ред е да се вадата цицките… Ама треба и малку да запеете“… и се обрати Сани на цицлестата конкуренција! На кого точно се однесуваше „јавната прозивка“, фолкерката не потенцираше. Веројатно сметајќи дека тие самите ќе си се препознаат.

Над се’, веројатно дополнително инспирирана од текстот во колумната на една наша колешка,  новинарка на еден од македонските интернет портали, Сани си го кажа своето:


„Грака, чиниш верува колку повеќе вреска, толку подобро звучи… А тоа талент нула, глас ужас, музикалност во минус. Појдов на узо и шарска во кафеана, се вратив со ужасна главоболка гратис. Зошто газди на кафеани? Зошто ни го правите ова? Во ред е.. Гледам има долги нозе, а кратко фустанче, големи гради и мега деколте, но зошто ја ангажиравте? За да биде пејачка, така?“ – пишува новинарката С.С. во текстот на својата колумна.

Која разбрала – разбрала, која не – ќе разбере, има време!  Ако не се препознала самата, некој друг ќе и открие на кого се однесува и текстот во колумната и револтот на бујната „сестра по гради и микрофон“ – Сани Гроздановска! А, можеби Сани не мислеше само на една од нив?

Извор: Вистина

поврзани објави

Последни објави