13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Се огласи и Тачи: Косово се радува што Македонија донесе одлука да го промени името

Хашим Тачи, косовскиот претседател се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по синоќешното гласање во македонското Собрание порачувајќи дека Република Косово се радува на оваа многу важна одлука.

-Македонија го избра патот на евроатланската интеграција и направи голем чекор кон зајакнување на мирот во целиот наш регион. Македонскиот парламент синоќа даде пример за обединување на сите партии за доброто на граѓаните и нивната држава. Државата се зајакнува и интегрира кога народните избраници ги носат вистинските одлуки и ги надминуваат политичките интереси за државните интереси.

Република Косово се радува на оваа многу важна одлука на нашата соседна држава. Мирот и стабилноста во регионот се зајакнуваат само со докажување на определбата во евро-атлантската ориентација и со напорно работење за интеграцијата во европското семејство, напиша Тачи на неговиот Фејсбук профил.

поврзани објави

Последни објави