37.8 C
Skopje
Sunday, July 14, 2024

Ахмети: И други пратеници сакаа да гласаат „за“, но немаа доволно храброст

Лидерот на ДУИ Али Ахмети им се заблагодари на 80-те пратеници кои вчера гласаа за отпочнување на постапка за уставни измени и воедно ги повика останатите опозициски пратеници кои, според него, синоќа сакале да гласаат „за“, но немале доволно храброст, да им се придружат во понатамошната постапка.

-Тие 80 пратеници што гласаа за, но и тие кои што се воздржаа од гласање, знаат многу добро дека само овој пат ни носи стабилен мир, добри меѓуетнички и добрососедски односи, системски реформи, правна држава и владеење на правото, еднаквост и заокружување на Охридскиот Договор, економски развој, повеќе работни места, странски и домашни инвестиции и општествена благосостојба – рече Ахмети.

Тој ја повика опозицијата да се построи на, како што рече, исправната страна на прогресот и евроатланската определба без задоцнување и понатамошни калкулации.

поврзани објави

Последни објави