9.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Бејли: Честитки за Собрание, пратениците покажаа храброст и лидерство

Американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли, ја поздрави одлуката на македонското Собрание да ја прифати иницијативата за уставни промени во согласност со договорот од Преспа, честитајќи им на пратениците за „храброста и лидерството“.

„Честитки за Собрание за гласањето за иницирање уставни амандмани како што се бара во Преспански договор. Пратениците од партиите покажаа храброст и лидерство со тоа што се здружија за да помогнат да се обезбеди место на Македонија на Запад, во НАТО и во ЕУ“, порача Бејли преку Твитер.

Честитки стигнаа и од Стејт департмент.

„САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Македонија да ги иницира уставните измени потребни за имплементација на Преспански договор со Грција. САД веруваат дека Преспански договор е историска можност за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во целиот регион“, се вели во соопштението.

поврзани објави

Последни објави