8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Во ова италијанско село луѓето живеат повеќе од 100 години: Кој е рецептот за долговечноста?

Во светот постојат такви места, гратчиња, села во кои што луѓето имаат подолг живот односно просечно живеат подолго од луѓето на другите места. Такви места постојат многу, но едно е особено препознатливо по тоа, а тоа е малото село Тиана во Италија.

Од таму потекнува и првиот човек на светот кој живееше 110 години, а бројот на жители кои имаат над сто години таму е три пати поголем од остатокот на Италија. Ова е и најверојатно единствениот регион каде што мажите живеат еднакво како и жените. Интервјуата со постарите личности и истражувањата покажуваат дека главни причини за длабоката старост на жителите на Тиана се социолошките и психолошките фактори.

А за тоа со какви активности се занимаваат луѓето од селото во кое и по 100-та година од својот живот не примаат лекарства, во продолжение:

Рита Томаина родена во 1907 година рекла дека никогаш не гледа телевизија. Салваторо Спано, роден во 1907 година секој ден вози велосипед. Мариа Сата 1907 година, секој ден јаде тестенини и компири. Филомена Серели 1807 година, секој ден пие козјо млеко. Џована Лаи 1907 година, често јаде лазањи и пие чашка вино. Но, ова не е единственото село каде што луѓето имаат длабока старост. И во селото Ачароли, близу Неапол, луѓето живеат речиси 100 години, а некои и повеќе. „Јадеме многу риба, свежи производи кои сами си ги одгледуваме. Си имаме свои зајци, свои кокошки. Само локални производи. И маслиново масло: конзумираме тоа што произведуваме.“

Ачароли е дел од крајбрежниот регион Силенто, во голем дел неиндустриска зона со извонредна природна убавина, кој сега има статус на заштитен национален парк. Алан С. Мејсел, кардиолог од Сан Диего, САД, кој го предводи проектот, вели дека објаснението за долговечноста можеби лежи во збир од повеќе чинители, меѓу кои честата конзумација на розмарин и активниот начин на живот, наметнат од стрмните улици на селото.

поврзани објави

Последни објави