Рок легендите Deep Purple официјално го најавија нивниот концерт во Софија, кој ќе се одржи на 14 мај во Арена Армеец.
Концертот во Софија е дел од светската турнеја на групата и е објавен на нивниот официјален сајт – http://www.deeppurple.com/current-tour-dates/.Пред да пристигнат во Бугарија, Deep Purple ќе имаат концерт во Романија.
Интересот за концертот на Deep Purple е огромен, билетите за настанот можат да се купат од мрежата на Eventim во Бугарија, како и онлајн на сајтот од компанијата. На концертот кој што ќе биде оддржан во најголемата сала во Софија, Бугарија, ќе можат да се чујат безвременските хитови на музичарите „Smoke on the Water“, „Hush“, „Perfect Stranger“, „Lazy“.
Билетите за настанот чинат од 25-50 евра. Организатори на настанот се Moko Solution и NuCoast.