Главниот и одговорен уредник на Сител и еден од најконтроверзните новинари во македонскиот медиумски простор, Драган Павловиќ Латас, во инфомагазинот „Од наш агол“ на МТВ1 истакна дека муабетите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за освоени 620. 000 гласови кои постојано ги нагласува, се лага, односно тој и СДСМ освоиле 420. 000 гласови.
„420 илјади се за него и тие се негови гласови, ништо повеќе од тоа“, вели Латас
Според Латас, нема двајца победници – во албански и македонски блок, победник е само ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактичката состојба кажува дека ВМРО е победник на овие избори со околу 17.000 гласа повеќе од СДСМ, што за македонски услови и за македонска држава каква што е мала- 17.000 гласа е респективна бројка“, додава тој.
Според него преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се завршени, завршена е една фаза, отворена е нова фаза, но не е процесот завршен, фазата е, смета Латас.
„Кога ќе завршат преговорите помеѓу ДУИ и СДСМ можеме да го очекуваме финалниот одговор кој може да биде и на едната и на другата страна и второ, не заборавајте бидејќи сосема некоректно е и неполитички, ДУИ преговараше со СДСМ и во 20-те дена кога Груевски го имаше мандатот. Знаеме дека некои потпретседатели на ДУИ јавно одеа во СДСМ за да се консултираат и добијат некаква информација што на нив им е потребна. Така да преговорите за избори не се завршени, јас не очекувам ни СДСМ брзо да ја заврши својата фаза“, рече Латас.