Соединетите американски држави, својата позиција кон Македонија не ја промениле и тие го поддржуваат суверинетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.
„САД гo признаваат и подржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Оваа позиција не е променета, изјавил претставник на американскиот Стејт департмент за Гласот на Америка на албански јазик“, се вели во соопштението на Стејт Департментот во врска со изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабахер дека Македонија треба да се подели меѓу соседите.
Македонското МНР преку Амбасадата во Вашингтон вчера побара став од Стејт департментот за изјавите на Рорабахер дадени во интервју за телевизискиот канал „Визион Плус“ од Тирана. Рорабахер во интервјуто меѓу другото вели дека „создавањето на Македонија е пропаднат проект и оти сега биле созадени сите околности да се подели меѓу соседните држави, вклучувајќи ги и Косово и Албанија“.