-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Закерберг дава 3 милијарди долари на научници да пронајдат лек за сите заболувања

Амбиционзниот план на Марк Закерберг, сопственикот на Фејсбук, да најде лек за сите болести, полека започна да се остварува, откако тој најави дека во следните пет година ќе финансира неколку десетици научници.

Чен Закерберг иницијатива е организација која е под раководство на сопственикот на Фејсбук и неговата сопруга Присила Чен.

Износ од 3 милијарди долари беа донирани со цел да се подржат медицинските истражувања, а како што изјавија, нивна крајна цел е да се излечат и спречат сите болести на овој век.

Дел од нивната организација е медицинско истражувачката организација Чен Закерберг Биохаб, која во среда објави дека ќе овозможи 50 милиони долари за финансирање на истражувачите.

Парите ќе бидат наменети за 47 луѓе, кои со нив ќе ги финансираат своите истраживања во наредните пет години. Секој од нив ќе добие во просет по 1,5 милион долари, а за овој проект се пријавија околу 700 луѓе.

поврзани објави

Последни објави