На 3-ти Мај минатата недела во Улцин – Црна Гора се одржа спектакалот “Netet e Klipit Shqiptar 2019” фестивал за најдобро музичко видео на балканот, каде охридскиот режисер Даниел Јовески и оваа година имаше учество и номинација на два негови клипови во неколку категории, а освои награда за највисок рејтинг за клипот на Леонора Ајдари – “Male o ju male”.
Конкуренцијата на овој фестивал секоја година станува се посилна и квалитетот на другите продукции се качува на неколку нивоа нагоре – вели Даниел кој веќе 7 години успешно работи на Албанскиот музички пазар.
Во продолжение можете да ги погледнете двете негови видеа: