11.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

СДСМ донесе одлука на вечерашниот централен одбор одржан во Охрид

Благодарам за фокусот на новинарите и медиумите денеска овде, при одлуката на Централниот Одбор и седницата која што се држи со соодветните одлуки кои што денеска ги носиме. Заради тоа што покрај партиски импакт имаат и сериозен општествен импакт и важно е за сите граѓани да знаат какви одлуки носиме, во кој правец ќе се движат политиките на Владата предводена од страна на Социјалдемократскиот Сојуз.

Денеска примат се стави на три цели, првата е политичката одлука во делот на промените во извршната власт. Денеска имавме дебата во поглед на актуелните случувања во Република Северна Македонија, во делот на меѓународните политики, но и во делот на домашните политики. Од тука, излезе заклучок кој што Централниот Одбор го изгласа вечерва и тоа го задолжи претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз, кој што е истовремено и Премиер на Владата на Република Северна Македонија, т.е. јас, да продолжам со процесот или отворената реконструкција на владата, односно да не носиме одлука за предвремени парламентарни избори, да не одиме во постапка на враќање на мандатот, туку да продолжиме со она што беше првично замислено, а тоа е реконструкција на владата.

Уште еднаш појаснуваме, сите овие политики на градење на ваква перцепција и за дома и во јавноста, беа заради заокружување, за бетонирање на извесната евро интеграциска иднина на нашата земја. Покрај тоа што одлично се движат процесите на ратификациите за нашето полноправно членство во НАТО. Знаете дека втората, исто важна цел е конечно, после 15 години, да добиеме датум за почеток на преговорите. Уверувањата ги добивме од земјите членки, Европскиот Совет ќе донесе заклучок, ќе има изјави на Европскиот Совет, кој ќе се одржи, 20/21 јуни. А, секако Бундестагот, ќе ја направи верификацијата односно гласањето за извештајот на Европската Унија во септември и конечно добивањето на датумот за преговори ќе следува во месец октомври.

За нас беше важно, ако заради ваквите консталации за изборите во Европскиот Парламент, кои што го пролонгираа Извештајот на Европската Унија, ако е веќе тоа причината за октомври, октомври да биде октомври. Да не се случи некое ново пролонгирање. Свесни бевме дека меѓувладината седница, односно седницата на владата со Европската Унија е некаде замислена во декември, без разлика дали е одлуката во јуни или е во октомври, во декември фактички почнуваат самите преговори, отварањето на поглавјата 23 и 24 и навистина два или три месеци не се толку важни, но важно е да биде конечно донесена одлуката.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави