11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Богојески до Мицкоски: Не произведувај историски фалсификати по наредба на Груевски, Љубчо Георгиевски има историска улога во создавањето на ВМРО-ДПМНЕ и независна Македонија

Господин Богојески, на роденденската прослава на ВМРО ДПМНЕ, господинот Мицковски го посочи Драган Богдановски како основач на ВМРО ДПМНЕ, но и втемелувач на идејата за независна Македонија. На ова жестоко реагираше господин Георгиевски со обвинување дека Мицкоски ја продолжува традицијата на Груевски за фалсификување на историјата и дека е одрод од вмровската идеологија.

Вие често во екот на реформите во ВМРО ДПМНЕ коментиравте на темата за основање на партијата. Дали имате коментар на ова?

Навистина не знам од каде тој порив на неколкумина од раководството на ВМРО ДПМНЕ, секогаш да имаат проблеми со историската вистина. Секогаш да имаат потреба истата да ја извртуваат. Тој процес во светски рамки е познат како произведување на историски фалсификати. Тие имаат проблем со историската вистина за старата Организација, за дејците на ВМРО, па се до модерната историја и формирањето на ВМРО ДПМНЕ и модерната македонска држава.

Денес секој втор член на нашата партија е основач. Тоа мене лично многу ме засмева. Тие појма немаат што е ВМРО или ВМРО ДПМНЕ, често доаѓаат од друга партија, но битно биле основачи на партијата.

Не сум сигурен што точно кажал господинот Мицковски, но сум сигурен дека говорот кој се читал на таков настан, предходно морал да биде одобрен од господин Груевски или господин Протугер. Со оглед да они имаат сериозни проблеми со историските факти, особено личен комплекс поради историската улога на господин Георгиевски, за конституирање на современата македонска држава, но и авторитетот кај вмровците, поради формирањето на ВМРО ДПМНЕ, можам само да замислам што се ставиле во тој текст.

Историјата е широка, има место за секого. Господин Георгиевски има едно место, господин Богдановски друго место, а господин Груевски трето. Најдобро за господин Мицковски е да започне да размислува какво место ќе зафати он во историјата или ќе остане надвор од неа.
За сега, ВМРО ДПМНЕ остана надвор од сите историски случувања, од како е на сила новото раководство. Ако се плашиш да произведуваш историја, нема да те има во истата. ВМРО е вода длабока. Есенцијата на ВМРО не е груевизмот. Ова е моја порака до Мицковски.

поврзани објави

Последни објави