За жал морам да кажам дека новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ господинот Мицкоски го наследил генот за фалсификување од својот претходник претседателот Никола Груевски.
Фалсификатите на господинот Груевски направија од Македонците карикатури во светски рамки. За неинформираните само да потсетам дека Драган Богдановски воопшто не беше во салата на 17 јуни а во целата кампања 90-та година се појави точно пет пати со по пет минути говор.
Мицкоски, Груевски и таквите како нив во раководството на ВМРО-ДПМНЕ се одроди од вмровската идеологија.
Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ направи СК Движење за Југославија а Мицкоски за жал е на добар пат да ја зацврсти таа идеологија, стои во фејсбук објавата на екс премиерот Љубчо Георгиевски.
За жал морам да кажам дека новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ господинот Мицкоски го наследил генот за фалсификување од…
Posted by Ljubco Georgievski on Tuesday, June 18, 2019